Наполи се врати на победнички патеки во Серија А откако поранешниот тим на нашиот Елмас вечерва славеше на гостувањето протиив Монца со убедливи 1-4.
Хојлунд го отвори резултатот во раната фаа од натпреварот, следеше израмнување, но второто полувреме мина во знакот на „наполитанците“ кои со головите на Политано, Рафа Марин и Де Бруин стигнаа и до убедлива победа.
За разлика од Наполи, Јувентус никако не успева да излезе од сопствената резултатска криза, па „старата дама“ вечерва беше надиграна и поразена со 2-0 на гостувањето против Џенова.
Тимот на Спалети повторно делуваше безидејно, а клучни се покажаа првите триесетина минути во кои Ехизибуе и Балданзи го најдоа патот до мрежата на Викарио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
