Кристијано Роналдо не се појави на гала-вечерата за „Златната топка“ во Лондон, но португалскиот ас сепак доби признание од „Франс фудбал“, и тоа за „вечна златна топка“.
Не станува збор за официјална награда бидејќи во неа не учествуваше никакви жири ниту пак спортски новинари, туку фанови кои можеа да гласаат за некој од поранешните освојувачи на „Златната топка“, а во конкуренција беа само оние кои имаа најмалку два вакви трофеи.
Она што е интересно, секој глас чинеше едно евро, сума што фудбалските фанови требаше да ја издвојат ако сакаат да гласааат за Роналдо, Меси или некој трет… На крајот, победи Роналдо својата извонредна сезона во 2008 година, пред Лео Меси и освоената „Златна топка“ на Аргентинецот во 2012 година.
Според официјалните информации од организаторите, дури 5009 луѓе гласале повеќе од еднаш, од кои 300 гласале меѓу 5 и 9 пати, а 44 гласачи имале меѓу 10 и 26 гласа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
