Баерн Минхен мина лесно уште една пречка во Купот на Германија, убедливо триумфирајќи на вечерашниот дуел против Магдебург со 6-1. Баварците се уште се без тренерот Компани, поради повреди им недостигаа најмалку шест првотимци, но тоа не се одрази врз нивното издание, а 90-минутната доминација беше заокружена со „петарда“ во мрежата на гостинскиот тим.
Хари Кејн доби заслужен одмор по забавата за освоената „Златна топка“, а во негово отсуство лидерската улога ја презеде Олис со два гола, додека Саидари, Браун и Дејвис постигнаа по еден погодок, пред младиот Даибер во самиот финиш да ги постави конечните 6-1.
Многу интересно беше во Леверкузен, каде Нирнберг по 30 минути игра имаше водство од 0-2, но „фармацевтите“ се вратија и на крајот триумфираа со 5-2.
Тапсоба постигна погодкот пред крајот на првото полувреме, по што во вториот дел пресвртот го донесоа Тапсоба со својот втор гол, потоа Шик, Хофман и Лукас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
