Бекот на Индијана пејсерс, Тајрис Халибартон, заработи истекнување на мускулот на левата нога и ќе мора извесен период да биде надвор од терените, објави новинарот на ЕСПН, Шамс Чаранија.
Според новинарот, лекарскиот тим на Индијана не може да даде точна проценка колку време Халибартон ќе мора да отсуствува од терените.
Ова не е првпат Халибартон да има проблем со мускулот на левата нога, истата повреда ја имаше и во 2024 година и тогаш паузираше десет натпревари.
Халибартон ја пропушти целата ланска сезона поради повреда на ахиловата тетива на десната нога која ја задоби во седмиот натпреварот од големото НБА-финале во 2025 година против Оклахома сити тандерс.
Ова е втор голем удар за Индијана од стартот на сезоната, пред неколку дена се повреди и првиот центар на тимот, Ивица Зубац.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
