Флорентино се премисли – Винисиус може да си замине, но цената е огромна!

Флорентино Перез минатото лто направи се за да го убеди Винисиус да потпише нов договор со Реал Мадрид, успеа во тоа, но само неколку минути подоцна првиот човек на „кралскиот клуб“ е подготвен да се раздели од бразилскиот голгетер – доколку добие вистинска понуда за него.

Фактот дека Винисиус се мачи на теренот и прикажува потпросечни партии изминатите месеци, но и топ-формата на Диоманде, се двата фактори што придонесоа претседателот на Реал да го промени својот став. Тој верува дека и самиот Килијан Мбапе функционира далеку подобро кога Вини не е крај него во нападот, па Бразилецот дефинитивно ќе биде достапен за трансфер по завршувањето на сезонава.

Шпанските медиуми објавија и дека Перез ја одредил цената за поранешниот освојувач на „Златната топка“ – огромни 150 милиони евра. Флорентино смета дека по лудите цени во фудбалска Англија, ова е сосема реалноа вредност за бразилскиот голгетер, но останува да се види кој од европските гиганти ќе реши да се вклучи во оваа трка, особено ако се земат во предвид и огромните финансиски барања на самиот фудбалер.

Арсенал летово се обиде и не успеа да стигне до потписот на Вини, Челси е познат по тоа што не жали пари за нови засилувања, а не се исклучува ниту можноста Манчестер јунајтед да тргне по Бразилецот, во обид да стигне до „ѕвездено засилување“ со кое би се свртила нова страница и клубот од „Олд Трафорд“ би ставил до знаење дека сериозно инвестира во создавање на тим за трофеи.

Се вчитува...