Прекрасна вест за добро утро – Компани пуштен од болница

Денешниот ден нека започне со прекрасната информација што пристигнува од Германија – дека Винсен Компани е пуштен на домашно лекување откако тренерот на Баерн Минхен мина неколку дена во болница по колабирањето во тренинг-комплексот на баварскиот гигант.

Белгиецот беше под постојат медицински надзор и над него беа извршени серија тестови. Најзначајно од се беше што докторите ја отфрлија можност за мозочен удар или за инфаркт, но лошата здравствена состојба на трофејниот тренер беше причина за дополнителни тестови.

На крајот беше утврдено дека станува збор за силна форма на менингитис, по што лекарите го пуштиле Компани на домашно лекување, при што му е јасно дадено до знаење дека мора целосно да мирува и најмалку една седмица не смее да има никакви активности поврзани со фудбалот.

Во Баерн веќе најавија дека нема да брзаат со камбекот на тренерот, ставајќи до знаење дека неговото здравје е поважно од се. Баварците викендов ги очекува големо дерби со Борусија Дортмунд, дуел за кој Компани сигурно нема да биде на клупата, а најверојатно ниту на трибините на стадионот.

Неофицијално, планот на Баерн е тренерот да се врати на клупата најрано по завршувањето на репрезентативната пауза, за дуелот со Келн закажан за 20 ноември.

Се вчитува...