Кошмар за Шешко – пауза најмалку до јануари 2027

Проблемите на Манчестер јунајтед дополнително се зголемија по информацијата дека Бенџамин Шешко ќе мора да паузира уште подолго период пред да може да се врати назад на фудбалските терени.

Црните прогнози дека повредата на ногата е сериозна и Шешко е „во аут“ до крајот на оваа календарска година за жал станаа реалност, па медиумите на „островот“ синоќа обелоденија дека тој може да се врати најрано до јануари 2027, а камбекот би може да се одложи и за уште неколку месеци во зависност од темпото на рехабилитацијата.

Шешко беше доведен како суперзасилување од Лајпциг, но Словенецот не ги оправда очекувањата, минувајќи и голем дел од натпреварите на клупата за рзерви.

Тој нема настапено за Манчестер јунајтед од поразот во лига-купот од Брајтон на 16 септември, кога беше заменет од Мајкл Карик.

Словенечкиот репрезентативец постигна два гола сезонава, против Евертон во Премиер-лигата и против Сабах во ЛШ.

Се вчитува...