Лука Модриќ беше брутално искрен по синоќешниот пораз на Милан од Болоња, откако „росонерите“ заминаа со предност на полувреме, но потоа примија три гола во вторите 45 минути.
Oва беше прв овосезонски пораз на Милан во Серија А, што доаѓа во најлош момент ако се знае дека веќе в сабота „росонерите“ ги очекува големото дерби против шампионот Интер.
„Мислам дека теравме сосема добро досега во лигата, ова ни е прв пораз. Секако дека сме разочарани, но треба да се биде искрен и да се каже дека го заслуживме овој резултат. Особено второто полувреме толку многу загубени дуели, толку грешшки а сите страни од теренот. Имаме повредени играчи, но нема изговор за така слабо издание. Мораме да сме свесни каде грешевме, да останеме оптимисти и веќе на дербито со Интер да се прикажеме во далеку подобро светло“, истакна Модриќ.
Милан по вчерашниот пораз падна на петтото меесто на табелата со 18 бода, дури седум помалку во однос на Интер и Лацио кои се наоѓаат на делба на првата позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
