Во Јувентус „врие“ – Спалети е пред отказ

Лучијано Спалети се наоѓа пред отказ во Јувентус откако „старата дама“ синоќа загуби уште еден натпревар, на гостувањето против Џенова со 2-0.

Ова беше можеби и најслабиот овосезонски дуел на Јуве, кој беше целосно надигран, прими два гола во првите триесетина минути и потоа не успеа да се врати до самиот крај на натпреварот. Уште поразочарувачки беа изјавите на Спалети по мечот, коментирајќи дека „играчите се тие и дека тој ништо не би променил“, воедно додавајќи дека е најразочаран од немањето борба и карактер на својот тим.

Тоа по дефиниција е работа на тренерот, а фактот дека Спалети е немоќен на ова поле само ја покажува немоќта на екс-селекторот да го разбуди заспаниот гигант.

Навивачите повеќе од еден месец бараат тренерска смена, управата досега му даваше поддршка на Спалети, но сега и тој тренд е прекинат. Антонио Конте останува фаворит во трката за нов тренер на „старата дама“, но останува да се види дали тоа ќе се случи до крајот на оваа седмица, или можеби Јуве ќе чека до репрезентативната пауза за да повлече ваков чекор.

Се вчитува...