Големиот испад по поразот од Комо може скапо да го чини Бруно Фернандеш, кој ги загуби сите сојузници во Манчестер јунајтед и сега се подготвува за промена на клупските бои.
Португалецот со години е лидер на „црвените ѓаволи“, од сезона во сезона е се поисфрустриран, но последниот инцидент бил лошо примен од соиграчите, но и од раководството на клубот. Челниците сметаат дека улогата на капитенот е да го обединува тимот, а не да прави раскол со јавни критики за тренерот и тактиката.
Фернандеш и Карик во текот на вчерашниот ден имале состанок на кој страстите биле смирени, португалскиот ас би требало да биде стартер на дербито со Челси, но неговата долгорочна иднина е сериозно доведена во прашање.
Јунајтед минатото лето одби неколку понуди, но „црвените ѓаволи“ сега се сомневаат дека направиле погрешен избор и сериозно размислуваат да го продадат овој фудбалер. Тој има договор до јуни 2027, клубот има опција да го продолжи за уште една година и најверојатно ќе го стори тоа, но само за да не го загуби Бруно без никаква отштета.
Тој летово ќе биде ставен на трансфер-листа и сигурно ќе предизвика интерес меѓу бројни клубови, а Јунајтед ќе бара отштета од над 40 милиони фунти.
Бруно Фернандеш е член на Манчестер јунајтед од 2020 година кога пристигна од Спортинг Лисабон. Тој има одиграно 337 средби за „црвените ѓаволи“, притоа постигнувајќи 111 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА