Џабари Паркер е пред потпис со нов евролигаш

Џабари Паркер ја заврши агонијата во Партизан откако минатата седмица и официјално го раскина договорот со белградските „црно-бели“ каде ќе остане запаметен како најголемо промашување во историјата на овој клуб.

Американецот добро го наплати престојот во Белград, па сега без отштета може да ја бира следната дестинација, а последните информации говорат дека Џабари ќе остане дел од Евролигата. Имено, шпанска Басконија покажува сериозен интерес да го доведе Паркер во своите редови како засилување за новиот тренер Перасовиќ кој веќе се пожалил на лимитираниот ростер со кој не може да се бори во Евролигата.

Олеснителна околност е што Паркер во меѓувреме добил пасош од една од земјите потписнички на Договорот од Котону, со што тој би настапувал во шпанската АЦБ-лига како домашен играч.

Ова беше клучниот проблем поради кој Паркер не можеше да се врати во Шпанија во текот на летово, но сега кога таа барикада е надмината потписот со Басконија  е многу блиску.

Се вчитува...