Виктор Петровски е назначен за нов селектор на женската кошарка репрезентација на Македонија. Именувањето на новиот селектор следува по повлекувањето на досегашниот предводник на женската сениорска репрезентација, Александар Ашаданов кој поради лични причини се повлече од националниот тим.
Петровски зад себе веќе има исклучително успешна тренерска кариера на домашен план која ја круниса минатата сезона со освојување на шампионската титула во Првата лига со екипата на Крива Паланка.
Покрај промената на селекторската позиција, женската сениорска репрезентација се соочува и со значајни промени во играчкиот состав, откако кошаркарите кои беа носители на играта минатата деценија, Анжелика Митрашиновиќ, Александра Стојановска, Мерит Хемпе, Ивана Кметовска и Ивана Селцова заминаа во репрезентативна пензија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
