Необичен детаљ бил клучен за освојување на титулата на Шпанија на СП

Шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс откри неочекуван детаљ од финалето на Светското првенство, признавајќи дека противничкиот дефанзивец Науел Молина ненамерно му помогнал во акцијата за решавачкиот гол со кој Шпанија се искачи на светскиот трон.

Во изјава за медиумите, крилниот напаѓач на Атлетик Билбао објасни дека клучниот момент се случил по центаршутот на Педро Поро. Додека топката паѓала, Молина силно го турнал со двете раце. Наместо да го исфрли од ритам, овој потег на аргентинскиот дефанзивец му дал дополнителен залет на Вилијамс да стигне до топката и да ја продолжи до Феран Торес, кој ладнокрвно ја затресе мрежата за светска титула.

„Луѓето веројатно не го забележаа тоа, но ако не ме турнеше, немаше шанси да стигнам до топката. Кога ме турна со двете раце, сфатив дека сепак можам да ја дофатам. Немав време директно да шутирам, па само ја продолжив, а Феран се појави и постигна гол“, изјави Вилијамс.

Се вчитува...