Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави пошироките списоци на сите 24 селекции учеснички на претстојното Европско првенство 2026, кое ќе се одржи во Романија, Чешка, Полска, Словачка и Турција.
Македонскиот селектор Игор Марковиќ дефинираше список од 35 ракометарки кои ќе конкурираат за настап на континенталниот собир. На списокот нема големи изненадувања и главно станува збор за стандардниот костум на репрезентацијата. Од повиканите, 19 ракометарки настапуваат во странство, додека 16 доаѓаат од домашното првенство.
Македонските ракометарки подготовките ги започнуваат на 22 ноември, а првиот тест ќе го имаат на контролниот турнир во Турција (од 27 до 29 ноември), каде покрај со домаќинот, ќе ги одмерат силите и со Финска и Италија. На Европското првенство, Македонија се наоѓа во група со Романија, Швајцарија и Норвешка, а премиерниот натпревар го игра против Швајцарија на 4 декември во 17.30 часот.
Список на Македонија:
1. Ивана Арсениевска – Старт Елблаг (Полска)
2. Таида Беровиќ – Спартак
3. Сара Богојеска – Атлетик
4. Ива Божиноска – Спартак
5. Катерина Дамјаноска – Таргу Муреш (Романија)
6. Ивана Џатевска – Сомбатељ (Унгарија)
7. Теодора Дукоска – Јувента Михаловце (Словачка)
8. Ивана Гакидова – Рух Калиш (Полска)
9. Стефанија Ѓорѓиевска – Чаир
10. Мила Ѓорѓиевска – Ѓорче Петров
11. Софи Гошевска – Ѓорче Петров 2
12. Пена Граматова – Војводина (Србија)
13. Марија Гугуљанова – Пјотрковија (Полска)
14. Андреа Илиќ – Плзењ (Чешка)
15. Александра Коловска – Чаир
16. Михаела Кралева – Чаир
17. Јована Мицевска Митев – Црвена Звезда (Србија)
18. Леона Миленкоска – Вардар
19. Сара Миновска – Јувента Михаловце (Словачка)
20. Ива Младеновска – Борусија Дортмунд (Германија)
21. Драгана Петковска – Рух Калиш (Полска)
22. Стефани Ристиќ – Чаир
23. Сара Ристовска – Рапид Букурешт (Романија)
24. Емилијана Ризоска – Ѓорче Петров
25. Андреа Седлоска – Ускудар (Турција)
26. Сара Стефаноска – Егер Естерхази (Унгарија)
27. Анастасија Трпеска – Ѓорче Петров
28. Моника Килдан Јанеска – Бурса (Турција)
29. Ангела Јанкуловска – Дунајска Стреда (Словачка)
30. Марија Јанкуловска – Париз (Франција)
31. Јована Кипријановска – Старт Елблаг (Полска)
32. Бојана Коцева – Ѓорче Петров
33. Борјана Коцева – Ѓорче Петров
34. Ана Марија Коларовска – Ѓорче Петров
35. Анастасија Трпеска – Ѓорче Петров
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
