Аргентинец осуден на седум и пол години затвор поради закани кон Ди Марија

Серџо Ди Вани (45) е осуден од судот во Росарио за нарачување заплашување на семејството на Анхел ди Марија, со цел да го одврати фудбалерот од враќање од странство за да заигра за ривалски клуб.

Ди Вани е навивач на Њуелс олд бојс градскиот ривал на Росарио сентрал, клубот за кој Ди Марија потпиша во 2025 година. Споменатите ултра-навивачи на „Њуелс“ беа идентификувани како организатори на активностите насочени кон заплашување на Ди Марија, за да го спречат неговото враќање во матичниот клуб, каде што тој сакаше да ја заврши кариерата.

И покрај заканите, Ди Марија се врати од Бенфика во Росарио сентрал, каде што настапува и денес. Претходно, тој се соочи со застрашувачки закани, кои вклучуваа пукање во близина на неговиот дом во предградието на Росарио, како и вознемирувачки текстуални пораки.

Исто така, пред агенцијата за недвижности што ја води сестрата на фудбалерот, тогаш непознати сторители оставиле свинска глава со куршум забиен во челото, придружена со порака дека „следниот куршум ќе заврши во главата на ќерката на Ди Марија, Пија“.

Покрај Ди Вани, претходно оваа година, во јуни, Белен Гутиерез беше осудена на три и пол години затвор за делото заплашување. Третиот обвинет се уште се наоѓа во притвор.

Се вчитува...