Невил: Манчестер јунајтед има недостиг на план и на визија

Манчестер Јунајтед минува низ една од најтешките кризи во последните години, а легендарниот капитен на клубот, Гери Невил, смета дека отпуштањето понекогаш може да биде најдоброто решение дури и за самиот тренер.

Невил смета дека одлуката за продолжување на соработката повеќе зборува за проблемите во раководењето со клубот, отколку за довербата во тренерот.

„Мислам дека по натпреварот против Бормут, тие 24 часа дискутирале што да прават, сe додека целосно не се исцрпиле, па на крајот одлучиле да го задржат. Сметам дека тој останува на функцијата поради недостаток на план, недостиг од достапни алтернативи и неодлучност во однос на луѓето што би можеле да го заменат. Во таква ситуација, навистина сте во голем проблем“,  изјави Невил. 

Се вчитува...