Преку официјално соопштение се огласија и од ГФК Тиквеш по поднесената жалба од ФК Вардар за неправилен медицински документ со кој фудбалерот на кавадарчани Окере Ебубе Висдом настапил на натпреварот од Купот на Македонија.
Вардар загуби со 1-3 во осминафиналето од Купот на Македонија од Тиквеш, но официјално до ФФМ поднесе жалба во која се наведува дека во досието на фудбалерот Окере Ебубе Висдом внесен во КОМЕТ системот на ФФМ, во делот што се однесува на лекарскиот преглед, како медицински документ е приложена спортско-медицинска потврда издадена на име Милош Спасовски, со датум на извршен лекарски преглед 2. јули 2026 година. Според наводите во жалбата, Милош Спасовски не е член на ГФК Тиквеш 1930 од 3. септември 2026 година.
Од Тиквеш, преку соопштение, сега потврдуваат дека е направен пропуст од нивна страна во КОМЕТ системот но наведувајќи дека тоа е техничка грешка а не намерен обид за некаков фалсификат.

Во прилог на соопштението кавадарчани ја изнесуваат и оригиналната лекарска потврда за Висдом направена, според нив, на 26 јули оваа година.
СООПШТЕНИЕТО ОД ГФК ТИКВЕШ ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
