Евролигата иако го одби првиот предлог на НБА-лигата, сè уште не ја затвори вратата за евентуален договор.
Генералниот директор на Евролигата, Чус Буено, на медиумите им откри што 13-те екипи сопственици на Евролигата, бараат од НБА-лигата за евентуален влез во заедничкиот проект.
Тие бараат да учествуваат во НБА-Европа, да го задржат правото да носат конечни одлуки и да добијат поволни финансиски услови од првичниот предлог.
„Ако НБА сака да дојде во Европа и да направи сојуз со нас, клубовите мораат да бидат дел од тој модел и мора да се разговара за финансиските услови. Клубовите се заинтересирани за влез во НБА-Европа, но сакаат да влезат сите 13 и да се пронајде решение за да не мораат толку многу да инвестираат. Клубовите имаат јасен став. Сакаат да бидат дел од процесот на носење на одлуките. Тие ја направија Евролигата и сакаат да продолжат да одлучуваат за нејзината иднина“, вели Буено.
Според генералниот директор, првичната понуда на НБА која беше одбиена изнесуваше 500 милиони евра кои требаше да ги поделат екипите, но во исто време бараше од секој заинтересиран учесник во проектот да вложи 440 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
