Роналдо на само 15 гола од историската „илјадарка“ (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо направи три чекори кон остварување на сонот, да дојде до бројката од 1.000 голови во кариерата откако вечерва постигна хет-трик.

Во победата од 5:3 на неговиот Ал-Наср над Ал-Колод, Португалецот постигна три гола, сите три ги даде во второто полувреме.

По првиот дел, резултатот беше 2:2, а потоа на сцена стапи Роналдо.

 

Al Nassr [4]-2 AI Kholood – Cristiano Ronaldo 72′
by
u/TheCarthageEmpire in
soccer

Прво, во 66-та минута погоди за 3:2, шест минути подоцна, повторно по асистенција на Жоао Феликс, ја затресе мрежата на Ал-Колод, а во 81-та минута го постигна и својот трет гол на натпреварот.

 

Al Nassr [5]-2 AI Kholood -Cristiano Ronaldo (Hat-trick) 81′
by
u/TheCarthageEmpire in
soccer

Со овие три гола, Роналдо е на бројката од 985 голови во кариерата и му недостасуваат уште 15 гола од остварување на сонот.

Се вчитува...