Ракометарите на Партизан настапите во Лигата на шампионите ги завршија со пораз од европскиот вицешампион Фуксе Берлин со 40:33. Партизан во шесте меча од првата фаза во ЛШ имаше пет порази и едно реми со Порто (33:33).
„Црно-белите“ кои ги предводи поранешниот македонски селектор, Раул Гонзалез, во Берлин одиграа одлично прво полувреме кое го добија со 17:18.
Но, во второто полувреме германскиот тим покажа зошто е еден од главните фаворити за титулата, Матијас Гидсел и Тим Фреихофер ги презедоа работите во свои раце и дојдоа до убедлив триумф за перфектен скор во првата фаза, шест победи во шест натпревари.
Гидсел со 12 голови беше најпрецизен кај Фуксе, додека Фреихофер постигна 11 гола. Кај Партизан, Лазар Анѓелковиќ и Тобијас Вагнер дадоа по шест гола.
ПИК Сегед кој ги загуби шансите за освојување на едно од првите две места, од европските настапи се прости со победа од 31:26 против Кристианштад и тоа на гости.
Во директниот дуел за првото место во групата Д, Спортинг како гостин со 37:35 го совлада ГОГ Гудме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
