Во текот на изминатово лето, се зборуваше многу за интересот на Реал Мадрид за Михаел Олисе, но трансферот не се случи.
По завршувањето на преодниот рок, Баерн постојано повторуваше дека нема намера да го продаде одличниот Французин.
Сепак, Реал Мадрид наводно направи сериозен чекор обидувајќи се да го доведе францускиот репрезентативец од Баерн, а според информациите што циркулираат рано утрово, со играчот веќе се договорени лични услови.
Францускиот офанзивен играч е еден од најважните играчи на минхенскиот гигант, но интересот на „кралскиот клуб“ би можел дополнително да ги искомплицира плановите на Баерн, кој веќе некое време се обидува да го обезбеди неговиот долгорочен престој.
Реал Мадрид наводно ги договорил личните услови со Олисе. Мадрид сега чека на следниот чекор и можната реакција на Баерн. Токму ова ја прави целата приказна особено интересна. Баерн не сака да остане без еден од своите најголеми адути, поради што веќе се обидува да најде начин да го врзе со нов договор.
Олисе моментално има договор со Баерн до јуни 2029 година. Сепак, челниците на германскиот клуб сакаат да ја продолжат соработката и да се осигурат дека Французинот ќе биде еден од лидерите на тимот во наредните сезони.
Претседателот на Баерн, Херберт Хајнер, неодамна зборуваше за својата иднина и јасно стави до знаење дека клубот нема намера да ги продава своите најдобри играчи.
„Баерн е клуб кој не мора да продава играчи. Ние донесуваме одлуки од позиција на сила. Михаел има договор до 2029 година и се надевам дека еден ден ќе го продолжи“, рече Хајнер.
Слична порака испрати и почесниот претседател Ули Хенес, кој претходно ги отфрли шпекулациите за евентуално заминување на Олисе и најави разговори за продолжување на договорот во текот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
