Барселона тргнува по потписот на Јошко Гвардиол

Јошко Гвардиол повторно се најде во фокусот на Барселона. Каталонскиот гигант сака итно да ја засили одбраната по неодамнешните порази, а угледниот „Мундо депортиво“ наведува дека хрватскиот репрезентативец е идеалното решение за тимот на Ханси Флик.

До неодамна, Барселона имаше одлична серија од 11 последователни победи, но потоа уследија порази од ПСЖ во Лигата на шампионите и од Реал Мадрид во „Ел Класико“. Тие натпревари повторно ги разоткрија дефанзивните слабости на каталонскиот тим во дуелите со најсилните европски ривали, поради што раководството на клубот одлучи да побара врвен одбранбен играч.

Според шпанскиот весник, 24-годишниот Хрват ужива голема поддршка од спортскиот сектор на Барселона. Каталонците се особено привлечени од неговата способност да покрива позиции на централен дефанзивец и на лев бек, со што преку едно засилување би се решиле два големи проблеми во тимот.

Се вчитува...