Поранешниот европски шампион, Фенербахче, ќе ја засили центарската линија со играч од НБА-лигата.
Според „Баскетњус“, турскиот тим се наоѓа во завршна фаза од преговорите за со Двајт Пауел кој треба да потпише едногодишен договор.
Пауел има 35 години и стана слободен играч откако НБА-тимовите пред стартот на новата сезона ги направија последните кратења и Пауел стана слободен играч.
Тој зад себе има 13-годишно искуство од НБА-лигата, при што најголемиот дел од кариерата го помина во Далас Маверикс. Тој беше дел од тимот што во 2024 година играше во големото НБА-финале.
Во својата последна сезона во НБА, Пауел имаше просек од 3,3 поени, 4,1 скок и 1,1 асистенција по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
