Иако актуелната сезона започна пред само два месеци, управата на Реал Мадрид не го чека летниот преоден рок и веќе го договори првото засилување за идната сезона.
Според весникот „Марка“ кој е близок до Реал Мадрид, управата на „кралевите“ донела одлука да ја активира откупната клаузула за младиот дефанзивец Јакобo Рамон кој настапува за Комо.
Реал по продажбата на Рамон на Комо, го задржа правото да го врати на „Сантијаго Бернабеу“ и според „Марка“, тоа ќе се случи идното лето.
Наводно, веќе му е соопштено на Рамон дека ќе се врати во Реал и ќе се боди за место во првиот тим.
За неговото враќање на „Сантијаго Бернабеу“, Реал Мадрид ќе плати девет милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула.
Рамон кој има 21 година, настапуваше за младинските екипи на Реал Мадрид, не успеа да се наметне во првиот тим и поради тоа минатата година беше продаден на Комо за 2.5 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
