Екипата на „Милан“ денеска објави дека го продолжи договорот со американскиот репрезентативец, Кристијан Пулишиќ. Со новиот договор, Пулишиќ се обврза да остане на „Сан Сиро“ до 2031 година.
„Милан со задоволство објавува дека Кристијан Пулишиќ го продолжи договорот со клубот до 30 јуни 2031 година“, стои во официјалното соопштение на „росонерите“.
Според клубот, продолжувањето на договорот ја потврдува заедничката посветеност кон надградба на досегашниот напредок и кон нови успеси.
Пулишиќ во Милан пристигна од Челси во 2023 година, и досега во „црвено-црниот“ дрес одифра 141 натпревар на кои даде 44 голови.
Сезонава, американскиот репрезентативец во шесте настапи во Серија А постигна два гола и има една асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
