Зверев ќе игра во полуфиналето на турнирот во Виена

Новиот светски тениски рекет број еден, Александер Зверев, се пласираше во полуфиналето на турнирот во Виена, Австрија, кој се игра за награден фонд од 2.79 милиони евра.

Тој во четвртфиналето, за еден час игра беше подобар од Британецот, Артур Фери во два сета и тоа со 6:0, 6:2.

Германецот во првиот сет, трипати го одзеде сервисот на противникот и го остави на нула.

Во вториот сет, Фери пружи поголем отпор, успеа да освои два гема, но Зверев беше многу подобар. Сетот започна со брејк на Зверев, а вториот брејк, Германецот го направи во петтиот гем за водство од 4:1 и потоа рутински ја заврши работата.

Во полуфиналето, Зверев ќе игра со подобриот од четвртфиналната пресметка меѓу Алекс де Минор и Матео Беретини, додека во второто полуфинале ќе играат Карлос Алкарас и Данил Медведев.

Се вчитува...