Панатинаикос настрада во Истанбул

Панатинаикос го претрпе и вториот пораз оваа сезона откако избраниците на Жељко Обрадовиќ вечерва загубија во Истанбул од Анадолу Ефес со резултат 83-68. „Зелените“ го одиграа можеби најслабиот натпревар оваа сезона, турскиот тим доминираше од првата до последната минута, целосно исфрлајќи го фаворитот од ритам.

ПАО често грешеше, во првото полувреме имаше дури десет загубени топки, а мотивираните кошаркари на Ефес го искористија тоа за да се одлепат резултатски. На одмор се замина со 45-37 иако разликата на моменти беше и двоцифрена, во последните десет минути се влезе со „плус десет“ за Ефес, но Панатинаикос само за момент блесна и благодарение на Лесор и на Јабуселе стигна на само два поени негатива.

Тоа беше се што „пулените“ на Обрадовиќ успеаја да сторат, бидејќи следеше фантастична серија на турскиот тим кој повторно се одлепи и на крајот стигна и до двоцифрен триумф.

Малколм и Фернандо постигнаа по 15 поени за Ефес. Камерон Пејн беше одличен со 14 поени и 8 асистенции, додека кај ПАО двоцифрени беа само Нан со 17 и Хејс Дејвис со 11 поени.

Се вчитува...