Дефанзивецот на Интер има еден услов за да се пресели во Барселона

Управата на Барселона во потрагата по врвен дефанзивецот најверојатно ќе ја натера повторно да тропне на вратата на Интер.

Весникот „Мундо депортиво“ пишува дека Барселона повторно е заинтересирана за Алесандро Бастони од Интер кој не ја затвора вратата на трансфер.

Бастони изминатото лето беше на чекор од трансфер во Барселона, но работата ја стопира тренерот Ханси Флик, кој бараше парите за засилувања да се насочат за играчи на други позиции.

Тој потег го разочара Бастони, но неколку месеци подоцна, дефанзивецот на Интер според „Мундо депортиво“ е подготвен да ја слушне новата понуда на Барселона, но притоа има еден услов.

Наводно, тој бара лично тренерот на Барселона, Ханси Флик, да му каже дека го сака во тимот.

Се вчитува...