ПСЖ беше без пола тим, но тука беше Ашраф Хакими

ПСЖ слабо ја почна сезоната, но „светците“ во меѓувреме влегоа во посакуваниот ритам, па вечерва славеа на гостувањето со Авр со убедливи 1-5, шеста победа во низа за тимот на Луис Енрике во француското првенство.

„Светците“ беа без повреденото трио Дембеле – Кварацхелија – Маркињос, тренерот Енрике дополнително одмори неколку првотимци, но клучно беше што во тимот се најде Ашраф Хакими.

Ле Ман прв дојде во водство, Готс израмни на 1-1, по што Хакими ја почна извонредната серија на овој дуел на кој десниот бек постигна дури три погодоци.

На вториот дуел одигран вечерва Ница го декласираше второпласираниот Рен со убедливи 5-2.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...