Киву: Дербито со Милан е мотивација, но не го решава скудетото

Кристијан Киву освои двојна круна со Интер минатата сезона, но романскиот стратег се уште се нема израдувано на дерби триумф над Милан како тренер на „нероаѕурите“.

Двата големи ривали се среќаваат утревечер во новата градска пресметка, Киву не крие дека неговиот тим е максимално мотивирна, но додаде и дека колку и да се интересни за навивачите, овие натпревари не се клучни во она најважното – трката за трофеите.

Впрочем, Интер лани ги загуби двете пресметки со „росонерите“, а традицијата вели дека Интер е без триумф на последните седум градски дерби дуели (пет порази и две реми). Последната победа „нероаѕурите“ ја забележаа во април 2024, црна серија што ќе се обидат да ја прекинат на утрешниот дуел.

„Момците се подготвени, свесни се што значи да се игра дерби, мотивирани се и сакаат да победат. Кога играте за Интер против Милан, никогаш не ви требал дополнителна мотивација. Не е важен ниту изгледот на табелата, ниту ништо друго, се излегува на терен и се дава се од себе за да се победи и да се слави тој триумф со верните навивачи. Секако дека е многу важно и сакаме да победиме, но од друга страна ова е лига и лигата е долга. Овој еден натпревар нема да го реши она најважното – кој ќе биде шампион во мај“, изјави Киву.

Се вчитува...