Се поголеми се проблемите со кои се соочува Чаби Алонсо во Челси откако „сините„ го загубија лондонското дерби со Тотенхем, потоа и беа несреќно елиминирани од лига-купот од Ливерпул, дуел што се покажа кобен за најдобриот дефанзивец на овој тим.
Макенс Делакроа го очекува подолга пауза од терените откако францускиот дефанзивец го повреди мускулот во првото полувреме од пресметката со Ливерпул. Делакроа настапи ги одигра сите минути за Челси од стартот на сезонава, јасно е дека екс-дефанзивецот на Кристал Палас е клучен играч во формацијата на Чаби Алонсо, a деталните лекарски прегледи му донсоа дополнителна главоболка на шпанскиот стратег.
Имено, Делакроа има сериозно кинење на мускулот во пределот на препоните, поради што се најавува пауза од најмалку два меесеци од терените.
Челси утре го игра дербито со Манчестер јунајтед, меч за кој Алонсо покрај Делакроа нема да може да смета ниту на најдобриот стрелец Жоао Педро, на првиот голман Мартинез, како и на дефанзивецот Хато.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
