Партизан немаше сили за изненадување против Жалгирис

Партизан претрпе уште еден пораз во рамките од Евролигата откако „црно-белите“ загубија на гостувањето против Жалгирис со . Литванскиот тим знаеше како да ја искористи поддршката од трибините и во фантастична атмосфера успеа да го земе скалпот на „црно-белите“ кои по дерби-триумфот на Црвена Звезда сега врзаа два евролигашки порази.

Жалгирис се одлепи и имаше двоцифрена предност уште во првата четвртина по што домашниот состав имаше контрола над резултатот во продолжението. Партизан влезе во серија и дојде на „минус четири“ на три минути до крајот, „црно-белите“ не искористија и два напади за целосено да се вратат во мечот, по што Жалгирис знаеше како да го приведе до крај и да се израдува на заслужен триумф.

Едвардс со 17 и Валанчиунас со 16 поени и 8 скокови беа клучни фигури во победничкиот тим, додека кај Партизан најефикасен беше Танасковиќ со 19 поени, Томпсон постигна 15, а Вилдоза 14 поени за „црно-белите“ во Каунас.

Се вчитува...