Сопственикот на Милан, Џери Кардинале, отворено му искажа поддршка на Рубен Аморим упатувајќи низа комплименти на адреса на португалскиот стратг.
Деел од италијанските медиуми најавуваа дека Аморим би можел наскоро да добие отказ, но Кардинале јасно стави до знаење дека не размислува воопшто на оваа тема.
„Имам целосна довверба во него, Аморим е вистинскиот тренер за Милан. Како што кажа Том Круз на самиот крај на „Топ Ган“, една одлична реченица – не го оставам својот човек. И јас не го оставам Рубен, тој не е во никаква опасност. Работиме напорно на создавање на силен Милан, во јануари ќе продолжиме со инвестиции и ќе донесеме нови квалитетни засилувања“, истакна Кардинале.
Првиот човек на „росонерите“ не стравува дека Аморим по лошата епизода во Манчестер јунајтед повторно нема да се снајде на кормилото на еден европски гигант, во случајов Милан.
„Јас го избрав Аморим, ако се покаже дека сум згрешил ќе признам, но не верувам дека тоа е случај. Разговаравме доста со него пред да го потпишеме, тој извлекол многу поуки од она што му се случило во Манчестер. Јас го донесов во Милан откако ми објасни кои се грешките што ги направил таму, убеден сум дека нема да се повторат и сега кај нас“, прокоментира Џери Кардинале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
