Организаторот на „Златната топка“, францускиот магазин „Франс фудбал“ започна интерна истрага и пријави во полиција, поради можен скандал при доделување на престижната награда.
Причината е поради забележаните сомнителни уплати на добитниците на „Златната топка. На 12 новоотворени кориснички сметки на популарната интернет страница „Полимаркет“ точно се типувани петте најдобропласирани фудбалери на „Златната топка“ и заработката изнесува околу 200.000 долари.
Според истрагата на францускиот „Upside“, на ваквите облози биле уплатени 264.000 долари, и сомнежите се дека станува збор за иста личност или група кои ги отвориле сметките и се обложувале на добитниците.
„Франс фудбал“ покрена интерна истрага и веднаш ја извести полицијата.
Победниците и листата на најдобри фудбалери во изборот, се познати само на неколку лица пред самиот почеток на церемонијата на доделување на „Златната топка“, поради што сомнежите се дека е можно протекување на доверливи информации пред самото доделување.
Хари Кејн ја доби „Златната топка“ со само 28 гласови повеќе од Килијан Мбапе, а меѓу петте најдобри се најдоа уште и Ламин Јамал, Родри и Лионел Меси, токму како што било типувано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
