Никој како Шпанецот: Луис Енрике испиша историја со ПСЖ

Екипата на ПСЖ на отворањето на деветтото коло во Лига 1 со убедливи 5:1 го совлада Ле Авр, при што тренерот на „светците“, Луис Енрике испиша историја.

Ова беше 127 победа на Енрике како тренер на ПСЖ, што претставува нов рекорд во клупската историја. Шпанецот на листата на најуспешни тренери во историјата на ПСЖ го прескокна Лоран Блан.

Луис Енрике има одлучен учинок предводејќи го ПСЖ, оствари 127 победи и има само 27 порази на вкупно 188 натпревари. Тој има 67.6 отсто успешност и просечно освојува 2.21 бод по натпревар.

Под негово водство, ПСЖ постигна 457 голови, односно 2.4 голови по натпревар, што е за 66 голови повеќе од времето кога Лоран Блан ја предводеше екипата.

Енрике од 2023 година го предводи ПСЖ и освои грст трофеи, двапати триумфира во Лигата на шампионите, има три титули во францускиот шампионат, двапати триумфира во Купот на Франција, двапати победи и во УЕФА Суперкупот и еднаш во Интерконтиненталниот куп на ФИФА.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Saint-Germain (@psg)

 

Се вчитува...