Светската фудбалска федерација (ФИФА) планира да го зголеми наградниот фонд за женското Светско првенство кое идната година ќе се одржи во Бразил.
Според „Скај њуз“, наградниот фонд од 110 милиони долари доделени на СП 2023 година, ќе се зголеми на 220 милиони долари за СП 2027.
Оваа сума е за трипати помала од наградниот фонд кој ФИФА го одреди на машкото Светско првенство кое изминатото лето се одржа во САД, Канада и Мексико.
ФИФА потврди дека секоја земја која ќе биде дел од СП 2027 ќе добие 2.5 милиони долари за подготовки, колку што добија и машките селекции за подготовките за СП 2026.
За оваа цел, ФИФА ќе издвои 80 милиони долари, што е за речиси трипати повеќе од сумата која ја даде во 2023 година (30.7 милиони долари).
„Скај њуз“ објави дека е планира да се удвои сумата која ќе ја добијат екипите кои ќе имаат фудбалерки на СП 2027, а се очекува и зголемување на минималната загарантирана сума за секоја фудбалерка на СП, која на претходното СП изнесуваше 30.000 долари.
Овие одлуки се очекува да бидат потврдени на седницата на Советот на ФИФА која е закажана за идниот месец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
