Трката за престижната награда „Златна топка“ за 2026 година веше една од најнеизвесните во историјата, покажуваат објавените детали од гласањето.
Капитенот на англиската репрезентација и член на Баерн Минхен, Хари Кејн, ја освои „Златната топка“ со освоени 1.055 поени, второпласираниот Килијан Мбапе имаше само 28 гласови помалку, што е четврта најмала разлика во историјата на доделувањето на оваа награда.
Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, кој се сметаше за главен фаворит за признанието пред почетокот на церемонијата која се одржа во Лондон, на крајот го освои третото место со 881 освоен глас.
Според податоците кои ги објави организаторот на „Златната топка“, францускиот магазин „Франс фудбал“, покажуваат дека Кејн бил прв избор за 40 од 100-те новинари кои учествуваа во гласањето, додека . Мбапе, доби 23 гласа за првото место.
Кејн имаше неверојатна сезона постигнувајќи 73 гола за Баерн и за англиската репрезентација во сите натпреварувања. Со Баерн освио три трофеи и ја заврши сезоната како најдобар стрелец и во Бундеслигата и во Лигата на шампионите. Кејн стана првиот англиски фудбалер по Мајкл Овен од 2001 година кој ја освоил „Златната топка“.
Четвртото место му припадна на Родри со 726 гласови, додека Лионел Меси заврши на петтата позиција со 612 освоени гласови.
Хвича Кварацхелија го зазеде шестото место со 541 глас, а веднаш зад него се најде минатогодишниот победник, Усман Дембеле, со 418 гласови.
Меѓу најдобрите десет фудбалери во изборот се најдоа уште и Ерлинг Халанд со 378 гласови, Мајкл Олисе (296) и Фабијан Руиз (201).
Според пропозициите, секој од 100-те новинари избра десет фудбалери; изборот на првото место добиваше доби 15 гласови, за второто место 12, за третото место 10 гласови, при што бројот на гласови постепено се намалуваше сè до еден глас за изборот на десеттото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
