Триумф на Акоста на спринтот на „Сепанг“

Возачот на КТМ, Педро Акоста, триумфираше на спринт трката која се возеше во рамки на Големата награда на Малезија.

Акоста на патеката „Сепанг“ ја забележа втората победа на спринт трките сезонава, а веднаш зад него заврши Марк Маркез кој дополнително ја зголеми предноста во генералниот пласман пред Хорхе Мартин. Последното место на победничкиот пиедестал му припадна на возачот на Априлија, Марко Бецеки.

Најголем трагичар на спринт трката е Алекс Маркес кој во третиот круг излета од патеката во моментот кога беше лидер.

Марк Маркез сега има 374 бодови во генералниот пласман на возачи во Мото ГП класата, 19 повеќе од Хорхе Мартин кој доби забрана од лекарите да вози во Малезија поради скршеницата на зглобот на раката.

Се вчитува...