Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изјави дека неговиот фудбалер Ламин Јамал добро реагирал по разочарувачкиот исход за него на доделувањето на „Златната топка“.
Јамал се надеваше дека ќе ја добие „Златната топка“, но престижното признание заврши во рацете на Хари Кејн, додека Шпанецот на крајот заврши како трет.
„Горд сум на Јамал бидејќи реагираше добро и гледам дека на тренинзите е фокусиран. Тоа е шампионска реакција“, изјави Флик на прес-конференцијата пред денешниот дуел на Барселона со Алавес во рамки на 11-то коло во Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
