Англискиот премиерлигаш Астон вила, најави дека ќе поднесе тужба против поранешниот капитен на Ливерпул, а сега ТВ коментатор, Џејми Карагер, поради навреди.
Тимот од Бирмингам се огласи преку социјалните мрежи, а во соопштението кое го потпиша претседателот на клубот, Насеф Савирис, го обвинија Карагер дека ги навредил и навивачите и Астон Вила и најави дека ќе поднесат тужба.
Пред неколку дена, Карагер во поткастот „Stick to football“, рече дека менаџерот на Астон вила, Унаи Емери треба да седне на клупата на Манчестер Јунајтед.
„Сигурно би сакал повторно да води гигант.Во фудбалот постои одредена хиерархија, без разлика дали ние го сакаме тоа или не. Така, Реал Мадрид ќе го земе најдобриот играч на Манчестер Јунајтед, како што го направи со Кристијано Роналдо. Исто така, има клубови кои се над Астон вила кои ќе им земат нивни играчи илои тренерот. Затоа вие навивачи на Астон вила замолчете. Астон вила никогаш нема да биде Манчестер јунајтед“, е спорната изјава поради која Астон вила планира да го тужи Карагер.
Откако се најде на мета на критики, Карагер изјави дека зборовите „да замолчат“ била шега.
„Сметам дека Емери е најдобар тренер во Премиер лигата, а ако сте Манчестер Јунајтед сигурно ќе се запрашате сшто е најдобро што можеме да го земеме? Не велам дека Емери ќе си замине, туку доколку сум на нивно место би си го поставил тоа прашање“, порача Карагер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
