Челси подобар од Манчестер јунајтед во меч со повеќе поништени од регуларни голови (ВИДЕО)

Во првиот натпревар од деветтото коло во Премиер лигата, Челси на „Стенфорд бриџ“ го совлада Манчестер Јунајтед и ја продолжи агонијата на „црвените ѓаволи“.

Во натпревар на кој мрежите дури петпати се тресеа, Челси славеше со 2:0 и го остави Манчестер Јунајтед на само седум бодови, два повеќе од последнопасираниот Сандерленд, со што дополнително се зголеми притисокот врз менаџерот Мајкл Карик.

Челси, пак со триумфот скокна на четвртото место на табелата со 16 бодови, пет помалку од лидерите Манчестер сити и Арсенал кои имаат натпревар помалку.

Во првото полувреме беа постигнати два гола кои беа поништени од судијата Банкс. Прво во 15-та минута беше поништен голот на Естевао поради офсајд.

Гол постигнаа и играчите на Манчестер Јунајтед преку Матеус Куња, но и тој беше поништен поради офсајд.

На стартот од второто полувреме, Морган Роџерс го отвори резултатот откако со одличен продор од средината на теренот успеа да го совлада Ламенс. Голот на Роџерс може да го видите ТУКА.

Во 60-та минута, по прекршокот над Фофана, судијата Бенкс по прегледување на ВАР снимката одлучи да досуди пенал за Челси, и го исклучи Лисандро Мартинез поради втор жолт картон.

 

Lisandro Martínez red card 63′ (+ref cam)
by
u/Kappa_Man in
soccer

 

Сигурен реализатор на пеналот беше Кол Палмер. Голот може да го видите на следниот ЛИНК.

„Сините“ дадоа уште еден гол, преку Естевао, но беше поништен поради офсајд и на крајот за триумф од 2:0 над големиот ривал.

 

Се вчитува...