„Граѓаните“ нокаутирани – Брајтон го замолкна „Етихад“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Сити загубија од Брајтон на својот „Етихад“ со 0-1 во натпреварот од 9. коло на англиската Премиерлига.

Истите ривали се сретнаа на истото место пред само три вечери и беше 2-2 во натпреварот од Лига купот, по што Сити имаше среќа да помине понатаму по подобро изведување на пенали.

Овој пат, сепак, тимот на Фабијан Хирцелер се подготви уште подобро и не дозволи ниту гол на лидерот во Премиерлигата, остварувајќи ја најголемата победа во сезоната.

Херој во победата беше Јасин Аџари, кој постигна гол во 11. минута по големата грешка на Матеус Нуњеш.

Брајтон се покажа како нерешлива енигма за Сити бидејќи ова беше шестиот натпревар по ред во кој не загубија од овој ривал, но ќе се памети дека на овој 31 октомври ја забележаа својата прва победа во Манчестер.

„Граѓаните“ остануваат на 21 освоен бод, ист број како и Арсенал, кој ќе го игра својот натпревар од 9. коло во недела на „Енфилд“ против Ливерпул.

Брајтон е веднаш зад него на третата позиција со 19 бода, три повеќе од Челси.

Премиерлига – 9. коло:

Челзи – Манчестер Јунајтед 2-0
Роџерс 50, Палмер 64п
Борнмут – Лидс 1-0
Еванилсон 31
Брентфорд – Нотингем Форест 2-0
Миленковиќ 30аг, Тијаго 76
Ковентри – Сандерленд 3-1
Сакамото 17, Авониџи 37, Рудони 52 – Ле Фе 67
Хал – Ипсвич 2-2
Ирегбунам 58, Мекберни 68 – Флорентино 22, Енсисо 74
Манчестер Сити – Брајтон 0-1

Аџари 11

18.30 Тотенхем – Кристал Палас
21.00 Астон Вила – Фулам

Недела:
17.30 Ливерпул – Арсенал

Понеделник:
21.00 Њукасл – Евертон

Се вчитува...