Штутгарт го демолираше Леверкузен, лесна победа на Лајпциг во Гелзенкирхен (ВИДЕО)

Фудбалерите на Штутгарт го победија Баер Леверкузен на гостувањето со 2-4 во осмото коло од Бундеслигата, во кое Лајпциг лесно со 0-2 славеше на гостувањето против Шалке 04 во Гелзенкирхен.

Фудбалерите на Штутгарт одлично го отворија дуелот против Баер Леверкузен и стекнаа предност од два гола во првите 22 минути.

Избраниците на Себастијан Хенес поведоа во 14. минута преку Ермедин Демировиќ, додека Џејми Левелинг го дуплираше водството на гостите осум минути подоцна.

Баер брзо одговори и ја намали разликата во 28. минута. По корнерот на Алејш Гарсија, Патрик Шик беше највешт во шеснаесетникот и со глава го совлада голманот на Штутгарт, враќајќи ја неизвесноста во натпреварот.

Голманот на Штутгарт беше на висина на задачата во 43. минута, кога го спречи Афонсо Мореира да израмни по брза контранапад на Баер.

Во раната фаза од второто полувреме, гостите стекнаа нова предност од два гола – Ел Ханус донесе 1-3 со удар од далечина во 51. минута, а 14 минути подоцна, Демировиќ круниса контранапад и асистенција од Ундав со гол за 1-4.

Преку Мазе, Баер успеа само да го ублажи поразот.

Во останатите натпревари Вердер го победи Хофенхајм со 2-0, а Фрајбург славеше на гостувањето против Аугсбург со 1-2. Без голови заврши натпреварот меѓу Менхенгладбах и Падерборн.

Се вчитува...