Конечно прва победа за Стојанче Стоилов на кормилото на Бутел Скопје во Суперлигата на Македонија.
Бутелци триумфираа на гостувањето против Мулти Есенс со 29-31 (15-17) во натпревар од 9. коло во најсилната домашна лига.
Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, а гостите до триумфот дојдоа до самиот финиш благодарение на последната серија од 0-3 со која дојдоа до 28-31. Потоа домашните само го ублажија поразот.
Најдобар кај Бутел Скопје беше Дамјан Субашевски со 8 гола, а Лука Јовиќ постигна седум погодоци. Чаневски имаше 13 одбрани. На спротивната страна Јован Петрески заврши со осум гола.
Бутел Скопје сега има една победа, реми и седум порази, додека пак Мулти Есенс има две ремија и седум порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
