Фудбалерите на Рома го победија Удинезе со 5-2 во 10. коло од Серија А.
Рома игра одлично од почетокот на сезоната и е легитимен кандидат за Скудетото по сè што покажа досега.
Рома ја заврши целата работа веќе во првото полувреме. Веќе во 10. минута беше 1-0, а од 31-та до 37-та минута головите ги постигнаа Мора, Мален и Ендика.
Избраниците на Коста Руњаиќ успеаја да се вратат со два гола во второто полувреме преку Заниол и Палма, а Гиларди го постави конечниот резултат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
