Македонскиот пливач Андреј Стојановски имаше одлични настапи на Европското првенство за глуви кое се одржува во Фрајбург, Германија, но, за жал, само за малку остана и без нови медали за македонскиот спорт.
На последниот ден од шампионатот, Стојаноски обезбеди две финалиња, на 200 метри градно и 200 метри – мешано, притоа на крајот завршувајќи на четвртите позиции во двете дисциплини.
Претходно, Стојаноски се пласираше меѓу најдобрите натпреварувачи во финалињата и во дисциплините 400 метри мешано и 200 метри слободно, каде на крајот заврши на петтите позиции.

На Европското првенство учествуваа вкупно 106 пливачи од 21 држава, во исклучително силна меѓународна конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
