Бурно ноќва во Скопје во очекување на големата дерби пресметка од ракометниот шампионат меѓу Вардар и Е. Пелистер која се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Аеродром.
Па, најверните вардарови навивачи приредија „музички спектакл“ пред хотелот на гостите кои беа во карантин во Скопје, не оставајќи ги да спијат.
„Додека Скопје не спие, нема да спиете ниту вие! ДЕНЕСКА СИТЕ ВО САЛА!“ – порачаа „Комити“.
Вчера од РК Вардар информираа дека салата е комплетно распродадена, па македонскиот спорт го очекува вечерва вистински спектакл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
