Тадиќ го нокаутираше Елмас, па не сакаше да признае дека заслужи црвен картон (ВИДЕО)

Елјиф Елмас и неговиот Наполи продолжуваат со одличните партии сезонава во Лигата на шампионите, откако синоќа славеа на гостувањето кај Ајакс со 1-6.

Нервозата кај домашниот тим поради високиот пораз најдобро ја покажа капитенот на Холанѓаните, Душан Тадиќ кој на крајно неспортски начин го удри со лакт Македонецот.

Тој иако заслужено доби втор жолт картон за овој потег, не сакаше тоа да го признае па влезе во расправа со главниот судија на мечот.

 

Се вчитува...