Тајрис Рајс се раздели со АЕК, размислува за пензија

Атински АЕК нема да ја продолжи соработката со Тајрис Рајс. 33-годишниот Американец со црногорски пасош се приклучи на тимот и требаше да помогне во настапот на Ф8 турнирот во кошаркарската Лига на шампионите. АЕК на домашен терен го загуби финалето од Сан Пабло Бургос. Рајс имаше учинок од 17 поени и четири асситенции во финалната пресметка.

Освојувачот на Евролигата од 2014 година како и МВП на фајнл-фор турнирот и најдобар стрелец во финалето 11 години е професионално во кошарката и во последно време почнал да размислува за повлекување.

Неизвесноста што ја носи пандемијата на коронавирусот и разделбата со АЕК би можеле да влијаат на ваквата одлука, но Тајрис Рајс уште го нема кажано последниот збор.

 

 

Се вчитува...