Таткото на Нејмар: До кога ќе го „тепаат“ мојот син

Таткото на Нејмар очигледно е многу нервозен и лут по повредата на неговиот син на дербито против Лион во францускиот шампионат, а тој даде и свој коментар за ваквите прекршоци.

„По ѓаволите, до кога ќе се случува ова? Долго зборував за ваквите работи, како и за овој вид ‘насилство’. Дали ни треба ‘ВАР’ за да разбереме што е прекршок? Нејмар трпи такви ‘фаули’ во текот на целиот натпревар, тие секогаш се силни и носат сериозни повреди. Таквите играчи што не бираат начин за прекршок на жалост се заштитени. Фудбалот е во загуба од овој тип на прекршоци. Колку долго ‘жртвата’ ќе биде обвинувана за вакви ситуации дека симулира?” напиша на Инстаграм, Нејмар Сантос.

Судијата откако ги прегледа снимките од „стартот“ над Нејмар, го исклучи Мендеш, но тоа не беше утеха за Нејмар, кој низ солзи и плач го напушти теренот, што јасно се слушна за време на телевизискиот пренос.

 

Се вчитува...